Како што во текот на вчерашниот ден пренесовме нов стратег на Пари Сен Жермен ќе биде Германецот Томас Тухел.
Веднаш по објавувањето на оваа вест која ја лансираше „Л’Eкип“ во медиумите се појави и листа на фудбалери кои Тухел сака да ги доведе во ПСЖ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Германски извори кои се претставуваат како блиски на Тухел пренесуваат дека една од првите мети е играчот за врска на Челзи, Н’Голо Канте. Како што се наведува Тухел е свесен дека и покрај силниот напад, мора да се создаде и силна средина.
Наводно, „светците“ за Канте би понудиле сума од околу 80 милиони евра. Покрај Канте клубот ќе се обиде да го доведе и голманот на „сините“ Тибо Куртоа кој секако е тешка мета. Како „план Б“ се наведува Јан Облак од Атлетико Мадрид.
На крајот се додава и дека Тухел е спремен да се откаже од услугите на Едисон Кавани и на негово место да доведе нов напаѓач, но во овој момент не се споменуваат имиња кои би можеле да бидат замена за Уругваецот.