Дома Фудбал Останато Најголемите француски медиуми убедени: ПСЖ има нов тренер!

Најголемите француски медиуми убедени: ПСЖ има нов тренер!

Францускиот гигант Пари Сен Жермен новата сезона ќе ја започне со нов тренер и тоа е јасно уште од елиминацијата на „светците“ во 1/8 финалето од Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според пишувањето на француските медиуми, Унаи Емери на клупата на ПСЖ ќе го наследи Томас Тухел кој според нивните информации веќе ја догорил соработката.

Како што се наведува, Тухел ќе потпише договор на две години со опција истиот да биде продолжен на уште една, а деталите од соработката би требало да бидат познати кога се ќе биде официјализирано (на крајот од сезоната).

Томас Тухел (44) во својата кариера ги водеше Аугусбург, Мајнц и Борусија Дортмунд каде што работеше од јули до 2015 до мај 2017 кога заработи отказ.

Германецот претходно се поврзуваше и со Баерн Минхен и Арсенал, но судејќи според се негова нова дестинација ќе биде Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вардар летово ќе игра и со добро позна ривал од минатата година!

Екипата на Вардар која е на подготовки во Норчија до враќањето на тимот во Скопје ќе одигр…