Дома Фудбал Лига на шампиони Тухел: Баерн е навикнат да игра финалиња, но…

Тухел: Баерн е навикнат да игра финалиња, но…

Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел го истакна искуството на Баерн Минхен пред денешното финале во Лигата на шампионите во Лисабон.

Според Тухел, искуството е предност, но тоа нема да биде пресудно, бидејќи во неговиот тим има играчи, кои веќе го освоиле трофејот во своите кариери.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Баерн е во феноменална форма. Тимот е мешавина од млади и гладни играчи, како и искусни играчи, калени во многу турнирски битки. Нашиот тим има и играчи кои веќе го освоија трофејот. Многу зборувам со Кејлор Навас, Анхел ди Марија и Нејмар, кои го кренаа трофејот во Лигата на шампионите“.

„За Баерн е позната предност што се навикнати да учествуваат во вакво финале, но тоа веројатно нема да биде пресудно“, истакна Тухел.

Тој откри и дека италијанскиот играч за врска Марко Верати е подготвен да игра во големото финале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Mилан пронајде засилување, но доби „корпа“!

Милан испрати понуда за фудбалерот на Стразбур, Гела Дуе, кој е постар брат на познатото к…