Килијан Мбапе пред две години стана вториот најскап играч на светот откако ПСЖ го донесе од Монако за неверојатни 180 милиони евра.
Мбапе со ПСЖ потпиша договор до летото 2022. година. Францускиот клуб истото лето во своите редови го донесе и Нејмар, со цел конечно ПСЖ да се искачи на европскиот трон.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, планот не им оди според очекувањата бидејќи ПСЖ се уште е далеку од освојување на ЛШ. Резултатите не му се допаѓаат ниту на 20-годишниот Мбапе, кој порача дека во иднина сака да игра во клуб во кој ќе се бори за повеќе трофеи.
Многумина тоа го сфатија како порака дека брзо би можел да го напушти ПСЖ, а најмногу се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид. Но, италијански Тутоспорт објави дека Јувентус има посебен план за донесување на Мбапе во своите редови.
Во Јувентус знаат дека не можат долгорочно да сметаат на Кристијано Роналдо, кој има веќе 34 години и сакаат да донесат играч кој во иднина ќе биде лидер на овој тим. Наводно, претседателот на Старата дама е сигурен дека тоа може да биде токму Мбапе.
Тутоспорт пишува дека Јуве има план за донесување на Мбапе и дека се спремни да инвестираат неверојатни 380 милиони евра, а Французинот да потпише договор на пет години.
Во Јувентус имаат јасен план, следниот лидер да биде некој млад играч кој со години ќе го носи овој тим, а Ањели верува дека Мбапе е идеалениот играч иако е свесен дека нема да биде лесно да го донесе.