Дома Македонски спорт Тројца Македонци го истрчаа ултра маратонот од 171 километар околу Мон Блан

Тројца Македонци го истрчаа ултра маратонот од 171 километар околу Мон Блан

Македонците Игор Пирковски, Жикица Ивановски и Игор Јовановски го истрчаа ултрамаратонот околу Мон Блан долг 171 километар.

Станува збор за една од најпознатите и најпрестижните трки во планинско и ултрамаратонско трчање на светско ниво. На оваа трка секоја година учествуваат 2500 учесници кои имаат 46 часа за да го направат овој подвиг.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Македонските атлетичари на целта влегоа заедно и се пласираа на 357., 358 и 359-то место во конкуренција на околу 2.500 учесници.

На стартот се појавија уште двајца маратонците од нашата земја, Александар Симјаноски и Никола Цицоски, но тие не ја истрчаа делницата.

Ултра маратонот околу Мон Блан стартуваше во петокот. Самата трка е уникатна и единствена бидејќи нејзината патека минува низ три држави – Франција, Италија и Швајцарија, а преку многуте планински врвови, превои и патеки таа комплетно го заобиколува масивот Мон Блан. Стартот и финишот се во центарот на Шамони

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…