
Хратската репрезентација после вистинска драма и пенал рулет успеа да ја елиминира Русија и се пласираше во полуфиналето на Мундијалот.
Англија им стои на патот на „коцкестите“, а Хрватска во тој дуел би можела да влезе значително ослабена.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Имено, хрватските медиуми пренесуваат дека денешниот тренинг го пропуштиле тројца исклучително важни фудбалери. Станува збор за голманот Субашиќ, стоперот Дејан Ловрен и десниот бек Шиме Врсаљко.
Субашиќ во финишот на мечот со Русија се пожали на повреда, Врсаљко исто така беше заменет во продолжението.
Медиумите тврадат дека Врсаљко готово сигурно нема да игра против Англија, додека Ловрен и Субашиќ најверојатно ќе се рехабилитираат и ќе бидат спремни за овој меч.