Дома Топ вести Трофејот го чекаа три децении, а сега ќе го имаат само две недели

Трофејот го чекаа три децении, а сега ќе го имаат само две недели

Реал Сосиедад вчера славеше во баскискиот дуел во финалето од Купот на Шпанија и после цели 34 години го освои трофејот во ова натпреварување.

После драма и петминутното прегледување на ВАР снимката беше досуден пенал за Сосиедад по играњето со рака во шеснаесетникот на Билбао. Најстрогата казна ја реализираше Микел Ојарзабал во 63. минута.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Меѓутоа ова беше финале во шпанскиот куп за сезоната 2019/2020 и Сосиедад ќе биде шампион само две недели затоа што тогаш е закажано финалето за оваа сезона.

Во финалето на Купот за оваа сезона повторно ќе игра Билбао, а тогаш противник ќе им биде Барселона. Натпреварот е закажан за на 17. април. Така Сосиедад ќе биде запишан во историјата како клуб кој најкратко го имал трофејот во свои раце.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јамал подготвува спектакуларна прослава за 18. роденден, но ќе биде забранета една работа

Еден од најдобрите фудбалери во светот, Ламине Јамал, во недела го слави својот 18-ти роде…