Дома Македонски спорт Тренерот на Тернана најави – Несторовски пред потпис!

Тренерот на Тернана најави – Несторовски пред потпис!

Членот на Серија Б, екипата на Тернана и официјално потврди дека сака да го доведе македонскиот напаѓач Илија Несторовски.

Несторовски е без клуб откако му истече договорот со Удинезе каде што играше во претходните четири години. Во претходниот период се појавија најави дека Тернана е екипата која е „најзагреана“ да го ангажира.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сега и тренерот на Тернана, Кристијано Лукарели потврди дека се обидуваат да го доведат Несторовски.

„Ќе има уште некое заминување и неколку доаѓања за да се комплетира тимот. Нашата амбиција е да останеме во Серија Б, а откако Корадо остана, со Несторовски и Масиу убеден сум дека ќе ја исполниме целта. Убеден сум дека Несторовски наскоро ќе не засили“, изјави Лукарели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…