Дома Фудбал Тренерот на Лајпциг: Зошто Гвардиол не играше? Па, сите знаат дека …

Тренерот на Лајпциг: Зошто Гвардиол не играше? Па, сите знаат дека …

ЈОШКО ГВАРДИОЛ го завршува трансферот од РБ Лајпциг во Манчестер Сити вреден 90 милиони евра.

Хрватскиот играч поради тоа не беше во тимот на Лајпциг на ниту еден од двата пријателски натпревари кои Германците ги одиграа вчера. Тренерот на Лајпциг, Марко Роуз по натпреварите зборуваше за Гвардиол.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


“Зошто не играше Гвардиол? Не треба да зборуваме за тоа, сите ја знаат причината. Мислам дека никој повеќе не може да застане пред Манчестер Сити, но не можам да кажам дека се уште е готово”. – кратко рече Роуз.

Заминувањето на Гвардиол го коментираше и фудбалерот на Лајпциг, Кевин Кампл. “Јошко е веќе еден од најдобрите дефанзивци во светот и ќе биде уште подобар. Неверојатно е како се справува со оваа помпа околу него. Беше апсолутно одличен и на тренинзите и во соблекувалната”, изјави Словенецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голман Иранец ја критикуваше власта: му се губи секоја трага од апсењето

Од 24 февруари оваа година никој не знае ништо за поранешниот голман на фудбалската репрез…