Дома Трансфер зона Трансфер на кариерата: Несторовски на чекор до Премиер лигата!

Трансфер на кариерата: Несторовски на чекор до Премиер лигата!

Најдобриот стрелец на Палермо и македонски репрезентативец Илија Несторовски готово сигурно ќе ја напушти Сицилија ова лето, а италијанските медиуми тврдат дека е на чекор до трансфер во Премиер лигата.

Несторовски во својата прва сезона во Серија А блесна во дресот на Палермо, па неговите одлични партии не помина незабележано ширум Европа.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Неколку големи клубови од Италија покажаа инетерс за Македонецот, но најсилен интерес покажа премиерлигашот Евертон.

Клубот од Ливерпул во Несторовски гледа идеална замена за Ромелу Лукаку и веќе стапил во контакт со Палермо за да се информира за цената.

Медиумите во Италија тврдат дека двата клуба се блиску до договор, а тоа со сигурно ќе значи трансфер на кариерата за македонскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Еден играч за Анчелоти е незамнелив: Нема цена по која Реал би го продал

Реал Мадрид има тим полн со ѕвезди, но во сенка еден фудбалер игра се подобро и подобро. С…