Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Комплетирана сензаионалната размена, „златен“ договор пред Канте, Раиола има идеја за Наполи

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Комплетирана сензаионалната размена, „златен“ договор пред Канте, Раиола има идеја за Наполи

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

– ТУКА можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


– Сите познати новинари и медиуми потврдуваат еднголасно дека размената која ќе предизвика потрес на апенините помеѓу Милан и Јувентус е завршена работа. Јувентус го добива Бонучи, во Милан одат Калдара и Игуаин (на позајмица). (ОВДЕ)

– Челзи прави се за да го задржи Нголо Канте, па му спреми нов договор според кој Французинот ќе заработува 290.000 фунти неделно, што е повеќе дури и од Еден Азар (220.000) (ОВДЕ)

– Рома испрати понуда за услугите на Сусо од Милан, но „росонерите“ истата експресно ја одбија (ОВДЕ)

– Откако изгледа нема да има ништо од Даниеле Ругани, тимот на Челзи вниманието го насочи кон стоперот на Интер, Матиа Весино. „Скај Спорт“ пренесува дека преговорите се отворени. (ОВДЕ)

– Италијанските медиуми најавуваа дека Милан е блиску и до ангажман на Бразилецот, Бернард од Шахтјор. (ОВДЕ)

– Со последната изјава дека е среќен во Лондон, Вилијан изгледа стави крај на сите шпекулации поврзани со неговото заминување.

– Листата на неуспешни обиди на Мурињо да доведе нови засилувања е се подолга (ОВДЕ)

– Дел од медиумите на Островот најавуваат дека Челзи размислува за ангажман на Роберт Левандовски од Баерн Минхен.

Maкс Мајер кој е слободен агент би можел кариерата да ја продолжи во Премиер лигата во редовите на Кристал Палас. (ОВДЕ)

– Турските гиганти Бешикташ и Фенербахче се заинтересирани во своите редови како позајмен фудбалер да го доведат, Дивок Ориги.

Џо Харт е „вишок“ во Манчестер Сити, „граѓаните“ го ставија на продажба и тоа неговата цена во овој момент изнесува пет милиони фунти. (ОВДЕ)

– Тимот на Евертон наскоро би можел да направи обид да го доведе дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рохо.

Хари Мегваер прераснува во голема желба на Мурињо. Островските медиуми пишуваат дека Португалецот прави се за да го убеди клубот да испрати понуда во износ од 65 милиони фунти.

– Искусниот Матијас Силвестре кој своевремено го носеше дресот на Интер и Милан е ново засилување за тимот на Парма.

Мино Раиола наводно на Наполи им го предложил неговиот млад клиент и напаѓач на Јувентус Моис Кин за сума од 20 милиони евра. (ОВДЕ)

– Веќе е познато дека Баерн има договор со Бенџамин Павар. Но, гигантот од Минхен го сака фудбалерот ова лето, Штугарт не попушта и бара 50 милиони евра. Ќе потсетиме наредната година стапува на сила клазулата според која Павар може да замине за 35 милиони евра. (ОВДЕ)

– Арсенал е спремен на Барселона да и го понуди Арон Рамзи во замена за Осман Дембеле, пишува каталонски „Спорт“. (ОВДЕ)

– ПРЕД ОФИЦИЈАЛИЗАЦИЈА: Оперативците на Јувентус, Марота и Партичи пристигнаа во Каса Милан.

– Медиумите на Островот пренесуваат добри вести за навивачите на Челзи: Тибо Куртоа ги обнови преговорите за нов договор! (ОВДЕ)

– Валенсија е спремна на ПСЖ да му плати 50 милиони евра за да го задржи Гонзало Гуедеш кој минатата сезона ја помина како позајмен фудбалер во редовите на шпанскиот клуб.

– ПОСЛЕДНИ ИНФОРМАЦИИ: Завршен е состанокот во Каса Милан помеѓу директорите на Јувентус и Милан, познатите новинари Ди Марцио и Ромео Агрести тврдат остануваат само уште некои формалности, со напомена дека сите страни сакаат се да биде завршено што побрзо.

– Готово: Лукас Диње вечера ќе стави потпис на договор со тимот на Евертон

– Репрезентативецот на Јапонија и поранешен фудбалер на Милан и ЦСКА Москва, Кеисуке Хонда кариерата ќе ја продолжи во Австралија во тимот на Мелбурн Виктори. (OВДЕ)

– НАЈНОВА ВЕСТ: Во овие моменти во тек е состанокот помеѓу агентот на Калдара и Бепе Ризо во Каса Милан.

– Oфицијално: Манчестер Сити го доведе холандскиот 21 годишен дефанзивец од тимот на Зволе, Филип Санделер за сума од три милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…