Дома Трансфер зона Манчестер Сити го дава Џо Харт за ситни пари

Манчестер Сити го дава Џо Харт за ситни пари

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е решен да се ослободи од голманот Џо Харт по секоја цена ова лето, пренесуваат англиските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Граѓаните“ се спремни да ја прифатат секоја понуда која ќе пристигне за 31-годишниот голман. „Тајмс“ пренесува дека „граѓаните“ ќе бидат среќни дури и ако добијат 5 милиони фунти за неговиот потпис.

Меѓутоа, голема е веројатноста на крајот да се ослободат од него без да добијат пари, односно да го раскинат договорот.

Џо Харт стана „вишок“ во Манчестер Сити откако пристигна Пеп Гвардиола, па изминатите две години ги помина на позајмица во Торино и Вест Хем.

Интерес за него во моментов покажуваат Барнли и Фенербахче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…