Дома Топ вести „Спорт“: Арсенал го сака Осман Дембеле и нуди размена на Барселона!

„Спорт“: Арсенал го сака Осман Дембеле и нуди размена на Барселона!

dembele

Весникот кој важи за неофицијално гласило на Барселона, каталонски „Спорт“ во текот на денешното издание пренесува една интересна информација.

Според нивните извори тимот на Арсенал и нуди размена на Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно, новиот стратег на „топџиите“ во Лондон сака да го види човекот кој разочара во Барселона, Осман Дембеле, а за возврат во спротивен правец е спремен да го испрати долгогодишниот играч од средниот ред на Арсенал Арон Рамзи.

Дембеле минатото лето пристигна во Барселона, како човек од кој многумина очекуваа да го замени Нејмар, но фудбалерот не ја оправда сумата во износ 105 милиони евра, плус бонуси.

Од друга страна Рамзи скоро целата своја кариера ја помина во Арсенал. Пристигна во 2008 година од Кардиф, потоа беше испраќан на две позајмица во Нотингем Форест (2010) и Кардиф (2011). Од таа 2011 Рамзи не го напушти клубот кој до последната сезона беше предводен од Венгер.

Сега Венгер го нема, Емери е прв човек на „топџиите“ па за очекување е некои работи да се променат.

Засега нема информации дали се работи за понуда „глава за глава“ или пак Емери е спремен да доплати одредена сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Урнебесно: Карагер пијан го интервјуираше Санчо 🎥

Фудбалерите на Борусија Дортмунд синоќа на домашен терен на „Сигнал Идуна Парк“ го совлада…