Играчот за врска на Челзи, Нголо Канте ќе стане најплатен фудбал на „сините“ доколку прифати да го потпише новиот договор кој му го нуди клубот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Канте одигра фантастично на Светското првенство и за него силен интерес покажа ПСЖ, па Челзи спреми одговор со богат договор.
Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи му нуди нов 5-годишен договор и неделна плата од 290.000 фунти. Со тоа Канте ќе добива повеќе плата дури и од големата ѕвезда Еден Азар, кој во моментов заработува 220.000 фунти неделно.
Секако, Азар има на маса предлог за нов договор и доколку остане на „Стенфорд Бриџ“ ќе биде еден од најплатените фудбалери во светот.
Интерес за Канте покажуваат ПСЖ и Барселона, но најверојатно Французинот ќе му остане верен на Челзи и ќе стави потпис на новиот договор.