Дома Фудбал Англија Листата од пропаднати трансфери на Јунајтед се подолга

Листата од пропаднати трансфери на Јунајтед се подолга

До сега летниот преоден рок е фрустрирачки за Манчестер Јунајтед. Освен Фред и Далот немаше други засилувања, а Мурињо никако да ги добие играчите кои ги посакува.

Последната во низата од желби на Мурињо која нема да се исполни е Роберт Левандовски. Веќе од поодамна се шпекулира дека Лева сака да го напушти Баерн, а во изминатите денови се појавија информации дека Јунајтед се вклучил во трката за полскиот напаѓач.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, покрај шпекулациите и изјавите на менаџерот на Левановски, се чини дека ќе остане во Баерн, а тренерот Нико Ковач беше јасен по тоа прашање и истакна дека Левандовски ова лето не оди нигде.

Така Јунајтед остана без шанси да го донесе посакуваното засилување, а името Роберт Левандовски се најде на долгата листа играчи чии трансфери не се реализираа на Олд Трафорд ова лето.

На листата покрај Левандовски за сега се наоѓаат Герет Бејл, Хари Мегвајер, Вилијан, Алкантара, Анте Ребиќ, Иван Перишиќ, Алекс Сандро, Антоан Гризман и Тоби Алдервиелд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан се договори со новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…