Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО – денес е супер интересно: Пијатек пред Милано, Барса изненади, Скриниар и Интер…

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО – денес е супер интересно: Пијатек пред Милано, Барса изненади, Скриниар и Интер…

transferi

Спортски.мк и денес е тука да ви ги пренесува сите случувања на трансфер пазарот – СЛЕДЕТЕ НЕ И БИДЕТЕ ВО ТЕК!

– Тука можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


– Од Островот пристигнуваат информации дека Ешли Кол е во преговори за враќање на Островот. Кол би можел да стане нов фудбалер на тимот кој од клупата го предводи неговиот поранешен соиграч од Челзи, Френк Лампард. (ОВДЕ)

– „Мирор“ пренесува вест која ќе ги израдува навивачите на Манчестер Јунајтед. Наводно, Маркус Рашфорд наскоро ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед. (ОВДЕ)

– БОМБА:  Карлос Вела е пред потпис со Барселона!  (ОВДЕ).

– OФИЦИЈАЛНО: Енди Робертсон потпиша нов договор со Ливерпул со важност до 2024 година!

– Продолжува сапуницата помеѓу Челзи и Калум Хадсон Одои. Фудбалерот наводно сака трансфер во Баерн Минхен, но сега пристигнува вест дека Челзи му нуди нов договор со плата од 80.000 фунти неделно.

– Додека се чека расплетот околу ситуацијата со Мауро Икарди, Бепе Марота ја реши работата со дефанзивецот Милан Скриниар. Договорено е продолжување на соработката Скриниар ќе потпише договор со важност до јуни 2023 година. (ОВДЕ).

– БЛИСКУ ДО ДОГОВОР: Милан на чекор од Криштоф Пиатек се чека само зелено светло од спортскиот директор на „росонерите“, Иван Газидис! (ОВДЕ)

– Рома очајнички е во потрага по засилување во одбраната. После гласините околу Миранда, сега „волчицата“ се поврзува со Начо Фернандез од Реал Мадрид.

– Денес се чекаат и нови информации за Гонзало Игуаин…

– Парма води преговори за доведување на ветеренот од италијанскиот фудбал, Алесандро Матри. Матри оваа сезона одигра нешто повеќе од 300 минути во дресот на Сасуоло и постигна два гола.

Даниел Стариџ и Алберто Морено по се изгледа ќе го напуштат Ливерпул како слободни играчи. Веќе претходно пишувавме дека за Стариџ интерес покажуваат клубовите од МЛС лигата.

– ЕДЕН АЗАР: „АС“ пренесува дека Перез сака да го купи Азар веднаш за 100 милиони евра, но наводно Челзи бара 12 повеќе.

– УШТЕ ВЕСТИ ОД МИЛАНО. Наводно Милан е спремен да влезе во трката за Месут Озил.

– ОФИЦИЈАЛНО: Марк Олбрајтон го продолжи договорот со Лестер 2022 година.

– Според дел од медиумите Јувентус во замена за Игуаин му предложил на Челзи да го добие Емерсон (ОВДЕ)

– ПСЖ: Џанлука Ди Марцио пишува дека од ПСЖ испратиле официјална понуда до Зенит од 35 милиони евра за Леонардо Пардес! (OВДЕ)

Солскјер не очекува да му бидат доведени засилување во јануари (ОВДЕ)

– Според шпанските медиуми, Порто ја одбил понудата во износ од 50 милиони евра од Реал Мадрид за услугите на Милитао. (ОВДЕ)

Гонзало Игуаин вчера организирал проштална забава на која биле присутни неговите соиграчи од Милан.

– Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер ја победил конкуренцијата и постигнал договор со Каљари за трансфер на големиот талент, Николо Барела. (ОВДЕ)

– На „Чизмата“ се пишува дека Наполи и Карло Анчелоти ќе тргнат по потписот на Хамес Родригез (ОВДЕ)

– Откако Игуаин ќе го комплетира трансферот во Челзи, се очекува Мората да премине во Атлетико Мадрид (ОВДЕ)

-Лацио е заинтересиран за македонскиот репрезентативец Стефан Ристивски. Спортинг Лисабон за неговата слобода бара 7 милиони евра. (ОВДЕ)

-БОМБА од Олд Трафор: Марсијал се согласи да потпише нов 5-годишен договор со Манчестер Јунајтед.

-Покетино ќе добие 50 милиони евра за трансфери, а примарна цел е Малком од Барселона (ОВДЕ).

-Пари Сент Жермен е спремен да го „украде“ Леандро Паредес пред носот на Челзи. Играчот се договори со „светците“ кои испратија понуда од 35 милиони евра до Зенит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Падна рекордот на Касиљас: Ноер испиша историја во Лигата на шампионите

Баерн вчера го победи Арсенал со 1:0 и со вкупни 3:2 го исфрли од Лигата на шампионите. Ед…