Дома Фудбал Англија Ешли Кол не вели збогум, после пет години се враќа на Островот?

Ешли Кол не вели збогум, после пет години се враќа на Островот?

Од Островот доаѓа изненадувачка вест – Ешли Кол почна преговори со Дерби Каунти околу потенцијален трансфер и враќање во англискиот фудбал.

Овој 38-годишен играч ја заврши својата епизода во ЛА Галакси и сега како слободен играч би можел да го засили Дерби, екипа која од клупата ја води поранешниот соиграч од Челси, Френк Лампард.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Останува да се види дали Кол ќе договори соработка со Дерби, а доколку тоа се случи екипата од Чемпионшип ќе добие засилување со огромно искуство.

Заедно со Лампард, Кол во Челси ги освои ЛШ и ПЛ, а беше член и на легендарната генарација на Арсенал, “Непобедливи“ од сезона 2003/04. Исто така, зад Кол е завидна репрезентативна кариера со вкупно 107 настапи за Англија.

Да потссетиме, Ешли Кол кариерата ја почна во Арсенал, кој во 2006. година го продаде на Челси за околу 7.5 милиони евра. Кол после осум години на Стемфорд Бриџ премина во Рома, а во 2016. година замина во САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Уште еден интересен викенд е пред нас – ќе гледаме и „Ел Класико“! 🎥

Уште малку има до крајот на сезоната. Некаде се знаат шампионите, некаде се уште има борба…