Дома Трансфер зона ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Карлос Вела пред потпис со Барселона!

ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Карлос Вела пред потпис со Барселона!

Барселона изгледа пронајде замена за Луис Суарез!

Луис Суарез останува недопирлив во првите 11, но некогаш ќе мора и да одмори.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес каталонски „Спорт“ пренесува дека Барселона е пред потпис со Карлос Вела кој настапува во МЛС лигата во Лос Анџелес.

Имено, договорена е позајмицан а шест месеци со тоа што Барселона би имала право за откуп на 29 годишниот играч. Сега се уште не е познато колку точно Барса ќе ја плати таа позајмица, но „Спорт“ пишува дека во прашање е ефтина зделка.

Вела може да биде идеално решение до крајот на сезоната кога во Каталонија ќе одлучат дали е калибар да остане или ќе биде вратен во МЛС лигата.

Претходно мексиканските медиуми шпекулираа дека Вела би морал да прифати намалување на платата бидејќи во Лос Анџелес добива шест милиони долари (5.3 милиони евра). Повеќе од него заработуваат само Џовинко (6.7 милиони долари) и Мајкл Бредли (6.2 милиони долари) и двајцата во Торонто.

Вела има искуство од играњето на Пиринеите каде што го носеше дресот на Селта, Саламанка, Осасуна и Реал Сосиедад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал може да добие бесплатно засилување од Реал Мадрид

Ферланд Менди е фудбалер кој во Реал Мадрид пристигна од Лион во 2019 година и е прв избор…