Дома Трансфер зона Мората го чека Игуаин за да се пресели во Атлетико Мадрид

Мората го чека Игуаин за да се пресели во Атлетико Мадрид

Алваро Мората ги договорил личните услови со Атлетико Мадрид, па трансферот би требало да биде комплетиран во наредните денови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Јорганџиите“ и Челзи исто така се договорија за 6-месечна позајмица со право на откуп, па за комплетирање на трансферот се чека само Гонзало Игуаин.

Игуаин во наредните денови треба да пристигне на „Стенфорд Бриџ“, исто така на позајмица, а се додека не се реализира тој трансфер Челзи нема да даде зелено светло за заминување на Мората.

26-годишниот Шпанец му се приклучи на Челзи за рекорди 60 милиони фунти во јули 2017 година, но не се снајде најдобро во Премиер лигата.

Ова е прилика да се врати во Примара, бидејќи Атлетико има потреба од напаѓач после повредата на Диего Коста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…