Дома Фудбал Англија Солскјер не очекува трансфери во јануари

Солскјер не очекува трансфери во јануари

Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер не очекува клубот да донесе нови засилувања во зимскиот преоден рок.

Солскјер притоа отккри дека Скот Мектомини нема да биде испратен на позајмица во Селтик, како што тврдеа медиумите на Островот. Тој сака да го задржи 22-годишниот играч за врска на кој ќе му биде предложен нов договор.

„Не, не очекувам нови засилувања. Што се однесува до Скот, тој тренира многу добро. Тоа е едно младо момче во кое имам голема доверба. Работиме да го продолжи договорот. Со сите повреди кои ги имаме не мислам дека ќе има играчи кои ќе си заминат“, изјави Солскјер.

Менаџерот откри дека Маруан Фелаини е повреден и ќе отсуствува од терените три или четири недели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ван Дајк пред средбата со Клоп: „Многу се радувам што повторно ќе го видам“

Вирџил ван Дајк со емотивни зборови зборуваше за повторната средба со Јирген Клоп, кој сег…