Дома Фудбал ДОГОВОРЕНО: Втора голема зделка на Бепе Марота – навивачите презадоволни!

ДОГОВОРЕНО: Втора голема зделка на Бепе Марота – навивачите презадоволни!

Одлични вести за навивачите на Интер – Бепе Марота и Милан Скриниар се договорија!

Бепе Марота за краток период го прави вториот поголем потфат во Интер. Откако го договори Гонзало Игуаин, постигна договор со Милан Скриниар за останување на Милан Скриниар.

Скриниар наскоро ќе потпише договор со Интер до 2023 година!

Ова е фантастична вест за Интер, бидејќи Словакот во овој момент е помеѓу најбараните стопери во Интер. Марота доцна вчеравечер ги договорил деталите за соработка со Скиниар и неговиот агент Кароло Ксонто.

Интер прво нудеше 2.5 милиони евра по сезона со бонуси, но сепак двете страни на крајот се договорија за 3.5 милиони евра по сезона плус бонуси.

Скриниар така ќе добие двојно поголема плата бидејќи според актуелниот добива 1.7 милион евра по сезона.

Како што тврдат „Газета дело Спорт“ и „Спорт Медијасет“ официјализирањето на соработката ќе се случи на почетокот на февруари.

https://www.youtube.com/watch?v=FD9N1iBXQBU

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италија остана без четвртфинале, но Кјелини гледа причини за оптимизам

По поразот од Белгија со 4-1, Џорџо Кјелини побара трпение за Италија и поддршка за новиот…