Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Баерн го претстави Кутињо и спрема нова „стотка“, Интер се договара Икарди си стои на „своето“, ПСЖ попушта

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Баерн го претстави Кутињо и спрема нова „стотка“, Интер се договара Икарди си стои на „своето“, ПСЖ попушта

И денес сме тука да известуваме за се што се случува на трансфер пазарот, како што се наближуваме до крајот ситуацијата станува поинтересна, а веројатно до самиот крај во центарот на вниманието ќе бидат Нејмар и Икарди.

Интер се договорил со Монако за Икарди!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еве на кој начин Санчез ќе заврши во Интер.

Барселона може да се најде во полна позиција. ПСЖ спремен да го пушти Нејмар на позајмица со право на откуп?

Баерн го претстави Кутињо!

Давид Луиз објасни зошто го избрал Арсенал.

Јунајтед му плаќа на Рохо само да си замине.

Тимо Вернер ќе треба да донесе одлука што побрзо.

Долго очекуваниот трансфер на Ирвинг Лозано во Наполи конечно треба да се реализира. Медиумите во Италија најавуваат дека Лозано во четврток ќе пристигне на леркарски прегледи.

Џанлука Ди Марцио објави дека Лука Тонели е пред трансфер во Фиорентина.

Тухел порача дека Нејмар може да замине, но ако тоа се случи тогаш клубот мора да доведе негова замена.

Италијанскиот „Журнале“ пишува дека агентите на Паоло Дибала вчера се видени на состанок со претставници на Интер на езерото Комо.

Монако и Интер имаат договор за Икарди, меѓутоа напаѓачот преферира трансфер во Јувентус кој засега не тргнува во по него. Алтернатива на клубот од Кнежеството е Никола Калиниќ.

Лацио изгледа ја губи трката со Наполи за Фернандо Љоренте. Клубот од Рим не нуди доволно пари.

Баерн после Кутињо спрема бомба од 100 милиони евра – Каи Хаверц!

Споменавме дека Јувентус не тргнува по Икарди, а тоа е така затоа што клубот не може да се ослободи од вишокот играчи. Ситуацијата е јасна – ако нема продажба нема, нема ни нови играчи!

Даниел Стариџ се поврзуваше со трансфер во Сампдорија, меѓутоа изгледа ќе заврши во Турција во Трабзонспор. Оваа зделка како што се пренесува наскоро треба да биде потврдена. Напаѓачот во Турција би се преселил како слободен играч.

ПРОПУСТ: Баерн и Барса објавија различни соошштенија за Кутињо!

Ливерпул е најголем губитник во трансферот на Кутињо.

Милан покажува интерес за Маријан Диаз. Реал бара 25 милиони евра и тоа прифатлива цена за „росонерите“, но платата од пет милиони евра која ја бара фудбалерот е преголема за италијанскиот клуб.

Санчез утре пристигнува на прегледи во Милано?

Јувентус и Барселона преговараат!

Кутињо на претставувањето: Барселона е минато, се надевам дека уште многу години ќе останам во Баерн.

Ванда се огласи: Мауро не оди во Монако!

Состанок на „Камп Ноу“ поради Нејмар.

Нејмар уште додека бил играч на Сантос можел да заврши во Реал – еве како!

Голем број италијански медиуми започнаа да објавуваат дека Алексис Санчез вчерва ќе слета во Милано.

Артуро Видал е повеќегодишна желба на Интер, а тој став не е променет ни после доаѓањето на Конте. Медиумите пишуваат дека трансферот е можен за околу 20 милиони евра.

Валенсија не се откажува од Рафиња Алкантара.

Спортинг го продаде Бас Дост на Ајнтрахт Франкфурт и се чека само официјална потврда.

Официјално: Лука Пелегрини е нов фудбалер на Јувентус. Пелегрини пристигна од ЈУвентус на едногодишна позајмица.

Клаудио Маркизио и понатаму е слободен агент: Во Италија можам да играм само за Јувентус и за никој друг. Постоеше понуда од Кина од Сунинг, но тој клуб е премногу поврзан со Интер и поради тоа не ме интересира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…