Дома Фудбал Останато Тухел со јасна порака до раководството на ПСЖ: Тоа не смее да се случи!

Тухел со јасна порака до раководството на ПСЖ: Тоа не смее да се случи!

Тренерот на Пари Сент Жермен, Томас Тухел по поразот од Рен  во второто коло од францускиот шампионат, упати јасна порака до раководството.

Веќе не е никаква тајна дека ПСЖ работи на трансферот на Нејмар, а Бразилецот станува голем проблем и за тренерот Томас Тухел.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради тоа германскиот стратег одлучи да го крене гласот и му порача на раководството дека не смее да го продаде Нејмар без да донесе негова замена.

„Работата е јасна за мене. Не можеме да го загубиме Нејмар без да донесеме замена за него. Ако го имаме со нас, тоа значи дека имаме играч кој е неверојатно добар во ситуациите еден на еден, а тоа понекогаш знае да биде многу важно. Ако си оди, мора да донесеме замена, не можеме да останеме со празно место“, истакна Тухел.

Германскиот стратег отсуството на Бразилецот на синоќешниот дуел со Рен го објасни со испуштените голем број тренинзи и постоење голем ризик од повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…