Дома Топ вести ПСЖ попушта и за Нејмар прифаќа начин кој и одговара на Барселона?

ПСЖ попушта и за Нејмар прифаќа начин кој и одговара на Барселона?

Од почетокот на преодниот рок многу се пишува за потенцијалниот трансфер на Нејмар, Бразилецот сака да го напушти ПСЖ и веќе добивме неколку потврди дека преговори се водат.

Делегација на Барса пред околу една недела преговараше во Париз за Нејмар меѓутоа на тие преговори не се постигнал значителен напредок во ситуацијата. Кутињо констатно се споменуваше како фудбалер кој би требало да биде вклучен во трансферот на неговиот сонародник, меѓутоа на крајот на крајот заврши во Баерн Минхен на позајмица.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона сака да го купи Нејмар ама ова лето поради финансискиот фер-плеј не е во можност да издвои 200 милиони евра колку што бара ПСЖ. Каталонците како што соменавме се обидуваа да го вклучат Кутињо, во таков контекс се споменуваа уште Ракитиќ и Семедо, меѓутоа ПСЖ инсистираше целата сума да биде исплатена во пари.

Сега „Гоал“ пишува дека во Париз попуштиле и спремни се да прифатат и едно друго сценарио – позајмица со обврска за откуп.

Такво нешто изгледа можеби како добра опција, единствено што во Париз ќе мораат да почекаат една година за да ја добијат бараната сума. Повеќе детали за оваа можност и тоа како би се исплаќала платата на Нејмар кој во Барса е спремен да игра и за помала плата засега не се откриваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …