Дома Трансфер зона Како Нејмар за милион долари не заврши во Реал Мадрид!

Како Нејмар за милион долари не заврши во Реал Мадрид!

Поранешниот претседател на Сантош, Марсело Тешеира откри како во 2006 година успеа да го стопира трансферот на Нејмар  во Реал Мадрид.

Тешеира објасни дека еден милион долари биле доволни да го убедат Нејмар и неговиот татко да остане во Сантош. После неколку години Бразилецот се пресели во Барселона и останатото е историја.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Тој се восхитуваше на Реал од тоа време. Му понудивме на неговиот татко еден милион долари да остане во тимот. Лесно се согласи. Сите членови на управата на клубот ме нарекоа луд, но знаев дека Нејмар е посебен. Беше тешка одлука, но на крајот се покажа дека е вистинската“ истакна Тешеира.

„Не водевме преговари со Реал Мадрид. Се што правев беше со цел да го задржам во клубот. Во тие денови, односите меѓу Сантош и Реал  беа затегнати поради трансферот на Робињо. Но, на крајот ги задржавме правата на Нејмар“, додаде поранешниот претседател на бразилскиот клуб.

Нејмар се пресели во Барселона за официјално 57 милиони евра, сума која подоцна се искачила на 86 милиони, а според некои документи Сантош добил 134 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…