Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед му плаќа на Рохо за да си замине

Манчестер Јунајтед му плаќа на Рохо за да си замине

Манчестер Јунајтед сака до крајот на преодниот рок да се раздели со неколку фудбалери кои се „вишок“ во тимот, а еден од нив е Маркос Рохо.

Аргентинецот беше блиску до трансфер во Евертон, но трансферот пропадна бидејќи „карамелите“ го сакаа Рохо на позајмица, а „црвените ѓаволи“ преферираат трајно да „се решат“ од него.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Солскјер нема да смета на Рохо, кој пак неделно заработува 130.000 фунти, па поради тоа Јунајтед е спремен на СЕ, само да се ослободи од него.

Раководството на  клубот од „Олд Трафорд“ е спремно да да склучи договор со играчот, за да му плати поголем дел од сумата според договорот и да го раскине истиот.

Тоа ќе значи слобода за Рохо да потпише со друг клуб како слободен играч. Самиот дефанзивец очекува да се пресели во Шпанија или Италија, каде се уште е отворен трансфер пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…