Дома Трансфер зона Голем пропуст: Баерн и Барселона објавија различни соопштенија за Кутињо

Голем пропуст: Баерн и Барселона објавија различни соопштенија за Кутињо

Баерн Минхен и Барселона денес го потврдија трансферот на Филипе Кутињо на „Алијанц Арена“.

Кутињо денес и официјално беше претставен како нов фудбалер на Баерн Минхен, каде што ќе игра на едногодишна позајмица, а наредното лето Баварците ќе можат да го откупат за 120 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Двата клуба на официјалните страни потврдија дека Кутињо се сели во Баерн, но во соопштенијата се случи хаос.

Прво се огласи Баерн, кој порача дека во договор со Барселона нема да објавува финансиски детали, а само неколку минути подоцна Каталонците објавија дека едногодишната позајмица ќе чини 8,5 милиони евра, плус Баварците ќе ги превземат и трошоците за платата на Кутињо, околу 12 милиони евра.

Исто така, каталонскиот клуб потврди дека наредното лето Баерн ќе може да го откупи Кутињо за 120 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…