Дома Фудбал Лига на шампиони Традицијата вечерва не е на страната на Реал Мадрид

Традицијата вечерва не е на страната на Реал Мадрид

Вечерва во Лигата на шампионите не чекаат нови возбудувања, иако е интересен и натпреварот Арсенал – Баерн Минхен, сепак поголемо внимание привлекува битката помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид.

Реал Мадрид во првиот натпревар во Шпанија на свој терен двапати „бркаше“ негатива и успеваше да израмни, а на крајот средбата заврши без победник 3:3, па се ќе се решава вечерва на „Итихад“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Традицијата не е на страната на избраниците на Карло Анчелоти бидејќи тие никогаш не победиле на овој стадион во Манчестер. Ривалството помеѓу двата клуба започнува во 2012 година кога се сретнаа во групната фаза, потоа играа уште четири пати во нокаут фазата и Реал никогаш не го победил Сити на гости.

Во првите две гостувања одиграа реми, но во последните три „кралевите“ се враќаа со порази. Останува да видиме како ќе биде вечерва…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Готово: Во Милан донеле конечна одлука за Консеисао!

Сержо Консеисао ќе биде тренер на Милан до крајот на сезоната, а потоа италијанскиот гиган…