Дома Фудбал Лига на шампиони Традицијата вели: Анчелоти никогаш не губи од Баерн

Традицијата вели: Анчелоти никогаш не губи од Баерн

Вечерва Карло Анчелти ќе го води Реал Мадрид против Баерн Минхен на гости во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Анчелоти имаше успешна авантура со една освоена титула и два суперкупа трофеи, меѓутоа потоа доби отказ по поразот во групната фаза од ЛШ со убедливи 3:0.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанецот потоа продолжи со успешна работа и во последните години со Реал Мадрид освои се што можеше да се освои. Сега судбината сакаше во битка за ново европско финале да се соочи со Баерн Минхен.

Традицијата пред натпреварот е на страната на „кралевите“ бидејќи Карло Анчелоти во својата богата тренерска кариера никогаш не изгубил натпревар против Баерн.

Низ кариерата како тренер на Милан шест пати играше против Баерн. Во тие натпревари имаше две победи од по 2-1 во сезоната 2002/2003, потоа го елиминираше Баерн во 2006 година со победа од 4-1 на „Сан Сиро“ (реваншот беше 1-1), за во 2007 година Анчелоти со Милан повторно да го елиминира баварскиот гигант, со победа на гостински терен откако првиот меч во Милано заврши 2-2.

Водејќи го Реал Мадрид па само двапати играл против Баерн кога во сезоната 2013/2014 германскиот тим беше предводен од Пеп Гвардиола. На тие два натпревари, Реал победи со 1:0 во првиот натпревар, а на вториот беше уште поубедливо со 0:4.

Останува да видиме дали вечерва ќе продолжи непобедливоста на Италијанецот против германскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…