Голема трагедија се случи во светската кошарка, откако 23-годишниот Гарли Сохо од Венецуела беше пронајден мртов во неговиот дом.
Засега не е позната причината за неговата смрт и се уште се истражува, но се шпекулира дека починал како последица на срцев удар.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Пред четири години на јужноамериканскиот шампионат до 21 година беше меѓу најдобрите на турнирот со просек од 17,6 поени, 2,4 асистенции и 2,6 украдени топки. Подоцна се проби до сениорската репрезентација на Венецуела, со која играше на Светското првенство на ФИБА во 2023 година.