Дома Останати Авто Мото Трагедија во Формула 1 пред почетокот на сезоната: Почина долгогодишниот директор на трките

Трагедија во Формула 1 пред почетокот на сезоната: Почина долгогодишниот директор на трките

0
charlie

Пред отварањето на новата сезона во Формула 1 пристигнуваа тажни вести.

Во викендот кој следи ќе се првата трка во Австралија во новата сезона во најбрзиот караван во светот, кој за жал ќе биде без директорот на трките Чарли Вајтинг.

Утрово од Мелбурн пристигнуваат информации дека Чарли Вајтинг починал како последица на белодробен инфаркт.

Британецот функцијата директор на трки во Формула 1 ја извршуваше од 1997 година. Неговата должност беше да биде одговорен за сите активности на патеката како што е безбедноста, стартот на трките и примената на правиата и регулативата.


Следете го Sportski.mk и на


После трагичната вест еден од првите кои се огласи во јавноста беше неговиот долгогодишен соработник и директор во Ф1, Рос Браун.

„Го познавав Чарли скоро целиот мој живот. Работевме заедно како механичари, многу време поминувавме заедно ширум светот. Кога ги слушнав трагичните вести бев шокиран и тажен. Ова е голема загуба, не само за мене, туку и за целата Формула 1“, изјави Браун.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Мик Шумахер: Чест ми е што ме споредуваат со мојот татко, тој е најдобриот возач во историјата

Германскиот возач Мик Шумахер изјави дека е почестен што го споредуваат со таткото Михаел …