Oд боксерскиот свет ни пристигнува тажна вест за смртта на 29-годишниот Шериф Лавал кој го загуби животот во неговата прва професионална борба.
Лавал влезе во рингот против Португалецот, Малам Варела и беше нокаутиран во четвртата рунда.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Медицинскиот тим реагираше и влезе во рингот за да му пружи помош, меѓутоа по пренесувањето во најблиската болница била констатирана смрт.
„Навистина ужасен момент кој никој од нас не го посакуваше. Сакаме да изразиме најискрено сочувство до неговото семејство, знаеме дека им е тешко на сите. Не можеме да објасниме како ова се случи, погодени сме. Вакви сцени никогаш не се пријатни“, изјави Костакис Евангелу кој беше организатор на настанот.
За настанот со испраќање поддршка до семејството и блиските на Лавал се огласи и Тајсон Фјури кого викендов го чека борбата со Олександар Усик.