Дома Фудбал Останато Тој верува дека е можно: Ако „Сунинг“ сака во Интер може да го доведе и Меси

Тој верува дека е можно: Ако „Сунинг“ сака во Интер може да го доведе и Меси

Поранешниот италијански репрезентативец, Едер во овој момент настапува во Кина за тимот на Џиангсу Сунининг кој има ист сопственик како и неговиот поранешен клуб Интер.

Едер пред неколку сезони пристигна во Интер како големо засилување од Сампдорија, но баш и не се покажа на „Џузепе Меаца“. Ова лето одлучи дека е време за промена, па кариерата ја продолжи во далечната Кина за Џиангсу Сунинг.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Овој фудбалер сега верува дека „Сунинг“ групацијата е толку моќна што без проблем може да го доведе Меси во Интер.

„Го видов царството кое „Сунинг“ го изгради. Семејството им е на прво место, а Интер секако станува дел од нивното семејство. Во наредните години ќе видите што се можат. Парите нив воопшто не им се проблем и сигурен сум дека можат да го доведат и Меси ако тоа го сакаат“, изјави Едер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Mу здосади: Родриго се огласи по најавите дека заминува од Реал Мадрид! (Фото)

Сезона без големи трофеи предизвикува непријатност во Реал Мадрид. Се приближува реконстру…