Дома Фудбал Италија Тоти добива нова поголема функција во Рома за да гради нов тим!

Тоти добива нова поголема функција во Рома за да гради нов тим!

0

Во медиумите во Италија пред неколку дена се појавија информациите дека Франческо Тоти би можел да ја напушти функцијата која ја има во Рома, но сега се најавува нешто целосно спротивно.

Римскиот клуб му ја понудил на Тоти улогата на технички директор, а тоа значи дека тој ќе биде човекот кој ќе ги носи најважните одлуки во клубот.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека Тоти ќе има поголема одговорност и повеќе ќе се прашува околу играчкиот кадар и засилувањата.
Рома наводно побарала од Тоти да ги намали маркетиншките активности ширум светот и во целост да се посвети на клубот. Таквиот потег на управата на

Рома доаѓа откако навивачите го критикуваат клубот затоа што не му беше понуден нов договор на Даниеле Де Роси.

Тоти до сега во клубот беше ангажиран како помошник на спортскиот директор, функција која до неодамна ја извршуваше Мончи кој во меѓувреме се врати во Севиља.

Најдобриот стрелец и фудбалер со најмногу настапи во историјата на Рома, доколку ја прифати понудата ќе има за цел да направи реконструкција на тимот и да ја поправи ситуацијата.

Рома оваа сезона има да одигра уште еден натпревар во Серија А и скоро сигурно ќе остане без пласман во Лигата на шампионите.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фергусон даде свој предлог за засилување на Манчестер Јунајтед

„Скај Спортс“ пренесува дека Сер Алекс Фергусон им предложил на челниците на Манчестер Јун…