Дома Фудбал Италија Тоти: Ако јас сум претседател за Салах би платил и 200 милиони евра

Тоти: Ако јас сум претседател за Салах би платил и 200 милиони евра

Легендата на Рома, Франческо Тоти го смета својот поранешен соиграч Мохамед Салах за еден од најдобрите десет фудбалери во светот.

Тоти имаше само пофални зборови за Египќанецот и истакна за него би платил и 200 милиони евра.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„За мене Салах е еден од најдобрите 10 играчи во светот. Односот кој го имам со него го надмина фудбалот. Тој е исклучително скромна и љубезна личост. Додека бевме во Рома знаев дека ако направи трансфер во клуб како Ливерпул ќе стане уште подобар. Кога јас би бил претседател на некој клуб за него би платил и 200 милиони евра“, изјави Тоти.

Соиграчи во Рома Салах и Тоти беа две години од 2015 до 2017 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Повеќе нема трпение: Ѕвездата на Реал Мадрид на трансфер листа!

Како што пренесуваат шпанските медиуми, управата на Реал Мадрид реши во следниот преоден р…