Раководството на Тотенхем покажува сериозен интерес за ѕвездата на ПСВ, Ирвинг Лозано, пренесуваат англиските медими.
Цената на 23-годишниот мексикански репрезентативец е околу 25 милиони фунти, а интерес за него покажува и Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лозано одигра одлично на Светското првенство и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но остана во ПСВ и од почетокот на сезоната веќе има постигнато 7 гола.
Тотенхем во последните години често пазарува од Холандија, а сега ќе можат и лично да се уверат во квалитетите на Лозано бидејќи ќе играат против ПСВ во Лигата на шампиони.
https://youtu.be/2q9IhTks0NQ