Хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ добива се помала минутажа кај Зинедин Зидан, па се погласни се шпекулациите дека ќе ја промени средината на крајот на сезоната.
Ковачиќ не е задоволен од својот статус во Мадрид, сака да игра повеќе, па е спремен да го напушти „Сантиаго Бернабеу“ во потрага по поголема минутажа.
Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Рома, Милан и Јувентус добро ги познаваат неговите квалитети и сакаат да го доведат Хрватот во своите редови, но најсилен интерес покажува Тотенхем.
Маурисио Покетино е голем симпатизер на играта на Ковачиќ и побарал од раководството да му биде доведен за следната сезона, како замена за Сисоко кој не се снајде баш најдобро.
Англиските медиуми тврдат дека „спарси“ се одлучи во намерата да го донесат Хрватот и веќе спремиле понуда од 30 милиони евра.