Дома Фудбал Останато Тони Крос го напушта Реал: Пристигна ГОЛЕМА понуда од друг гигант за Германецот?

Тони Крос го напушта Реал: Пристигна ГОЛЕМА понуда од друг гигант за Германецот?

Репрезентативецот на Германија, Тони Крос следното лето би можел да го напушти Реал Мадрид.

На „Бернабе“ се подготвува целосна реконструкција, некои играчи на лето дефинитивно ќе го напуштат клубот, а се шпекулира дека еден од нив би можел да биде и Тони Крос. Германскиот репрезентативец имаше големо влијание во освоените трофеи на Реал, но Зидан е подготвен да ја освежи екипата, по разочарувачката сезона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Се шпекулира дека тој повеќе би сакал да го задржи Модриќ и дека би можел да се одлучи за продажба на Крос за дополнителен буџет за ангажирање на нови засилувања. Како што пренесуваат шпанските медиуми, ПСЖ е подготвен да го доведе Германецот во своите редови. Парижаните остануваат без Рабио, во јануари го доведоја само Парадес, јасно е дека по новиот неуспех во Лигата на Шампионите сакаат уште едно квалитетно засилување.

Крос би бил идеално засилување, со оглед на своето искуство, особено во Лигата на Шампионите, со кого во четири наврати го освои со Реал. Парижаните се подготвени и добро да платат, ќе понудат 68 милиони фунти, а на самиот Крос 50% поголеми примања. Ќе видиме што ќе одлучат во Марид, доколку сметаат дека можат без Крос, тешко дека ќе добијат подобра понуда од оваа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид се откажува од Конате!?

Интересот на Реал Мадрид за францускиот дефанзивец Ибрахима Конате (26), чиј договор со Ли…