Дома Останати Кошарка Толку беше: Хјустон повеќе не му верува на Кармело Ентони

Толку беше: Хјустон повеќе не му верува на Кармело Ентони

Хјустон Рокетс изгледа се откажа од Кармело Ентони после само 10 натпревари во сезоната.

Човекот кој десет пати учествуваше на олстар натпреварите во Хјустон игра под нивото и откажувањето на Хјустон од неговите услуги не може да се смета за изненадување. Од клубот засега не соопштиле дали во целост ќе го раскинат неговиот договор или пак Ентони ќе биде дел од тимот и само нема да игра.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Медиумите во САД веднаш по ваквата ситуација започнаа да пишуваат за неговата следна дестинација и досега како фаворити за негово доведување се истакнуваа Голден Стејт и Филаделфија.

Ентони од почетокот на сезоната имаше просек од 13.4 поени по натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

МВП трка: Дончиќ гази кон врвот и го турка Јокиќ подоле на листата!

На најновата листа на водечки во МВП трката, Лука Дончиќ значително се проби кон самиот вр…