После денешниот пораз од Естонија на прес-конференцијата за Македонија селекторот Александар Тодоров истакна надеж дека работите можат да се подобрат.
Тодоров како клучен фактор ја истакна втората четвртина во која Естонците доминираа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сега може да се тешиме дека одигравме добро второ полувреме, но кошарка се игра во две полувремиња. Во таа втора четвртина не можевме да направиме апсолутно ништо, тие целосно доминираа. Во првото полувреме изгледаше како тие да се домаќини, а ние гости. Кога после толку години дојде толку публика, не смеевме да дозволиме тие така да одиграат“.
Селекторот потсети и дека во епското четвртфинале во Литванија имавме ист однос на шутеви за два и три поени.
„Сепак, изгубивме девет разлика, не гледам зошто таму да не победиме со десет разлика. И во четвртфиналето во Литванија имавме ист однос на шут за два и три поени, едноставно тој е нашиот стил на игра“.
Клучен играч на Естонија во овој натпревар беше Куламае кој уфрли 31 поен.
„Куламае во овој натпревар погоди нереални шутеви, јас ви кажувам дека никогаш во кариера нема да одигра ваков натпревар и да постигне 31 поен“.