Дома Фудбал Лига на шампиони „Тоа што Виљареал е полуфиналист во ЛШ е срам за УЕФА – Ливерпул можеше да игра и со навивач во одбраната…“

„Тоа што Виљареал е полуфиналист во ЛШ е срам за УЕФА – Ливерпул можеше да игра и со навивач во одбраната…“

Ливерпул во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите славеше против Виљареал со 2:0. Тимот на Јирген Клоп доминираше на теренот, испрати 20 удари кон голот, доби 10 корнери и имаше 71% посед на топка. Од друга страна Виљареал натпреварот го заврши со само еден удар кој заврши високо над голот.

Поранешниот фудбалер и сегашен коментатор на британскиот „talkSPORT“ Џејсон Кинди испрати жестоки критики за шпанскиот тим.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Виљареал е срам! Ова е шокантно! Срам за Лигата на шампионите. Луѓето од УЕФА мораат да се замислат, овој натпревар беше сериозен проблем. Ливерпул слободно можеше покрај Ван Дајк да стави и навивач, толку Виљареал беше лош. Воопшто не знам како тие можеле да стигнат волку далеку. Патетичен настап. Овој тим не е доволно добар ниту за Лига Европа. Нивниот голман?! Човекот не фати ниту една топка…Не паметам кога сум видел полош голмнански настап во оваа фаза од натпреварувањето“, критикуваше Кинди.

Во реваншот Ливерпул ќе му гостува на Виљареал, додека во другото полуфинале Манчестер Сити во реваншот ќе брани предност од 4:3 против Реал па може да се случи да гледаме англиско финале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…