Доминик Тим денес оствати голема победа во полуфиналето на Ролан Гарос против Новак Ѓоковиќ и дојде во прилика да освои Грен Слем турнир.
Овој меч започна уште вчера, но кон средината на третиот сет беше прекинат поради силен ветер и се одложи за денес. Вчера Тим игра одлично на почетокот на мечот и во првиот сет се му одеше од рака. Тим не дозволуваше Ѓоковиќ да го пронајде својот ритам и го доби првиот сет за 29 минути со резултат 6:2. Новак се поправи веќе во наредниот сет.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Првиот тенисер во светот заигра како што се очекуваше и со 6:3 успеа да израмни на 1:1 во сетови. Тим во третиот сет водеше со 3:1, но тогаш беше одлучено мечот да се прекине.
Продолжи денес. Ѓоковиќ успеа да се врати во меч во третиот сет, но Тим на крајот тоа го „реши“ во своја корист и со 7:5 го доби третиот сет.
Во четвртиот сет Тим беше на чекор од победа, но Ѓоковиќ се разбуди во вистински момент. Новак не дозволи четвртиот сет да му припадне на Тим и во завршницата играше одлични. При резултат 5:5 направи брејк и со 7:5 изедначи на 2:2 во сетови.
Во петтиот сет гледавме голема борба. Прво до брејк дојде Тим кој поведе со 3:1 и така повторно дојде многу блиску до победата. Тим поведе со 4:1 и изгледаше дека
се е готово, но тогаш мечот повторно беше прекинат. Овој пат причина беше дождот. После враќањето Тим ја зачува предноста и стигна до голема победа.
Со овој триумф Тим обезбеди финале против Рафаел Надал.
Ѓоковиќ – Тим 2:3 (2:6, 6:3, 5:7, 7:5, 3:6).
Dominic Thiem brings Djokovic’s run of 26 consecutive Grand Slam wins to an end at #RG19
And here’s how he did it…pic.twitter.com/P5uUsVUJtS
— Tennis TV (@TennisTV) June 8, 2019