Дома Тикет на денот Тикет на денот (недела, 12.05.2024)

Тикет на денот (недела, 12.05.2024)

Денешната понуда е сосема солидна и се играат натпревари од завршните кола ширум Европа. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Клермон – Лион – 2 @ 1.60 во Mozzart

Клермон веќе со „едната нога“ се во втората лига и само чудо би ги спасило за да не се случи тоа. Максимум што можат да стигнат е до 16-то место, но за тоа треба Мец и Лориен да претрпат порази до крај, а Клермон да победува. Лион од друга страна од последната позиција стигна да се бори за Европа и доколку успеат во тоа, фановите ќе бидат комплетно задоволни. Ние овде очекуваме гостите да победат без поголеми проблеми и типуваме 2 со квота 1.60 во Mozzart.

Манчестер Јунајтед – Арсенал – ГГ @ 1.57 во 22Bet

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Овие две екипи кога ќе се сретнат меѓусебе, мотивот на двете страни е огромен. Манчестер Јунајтед е надвор од зоната за Европа и ако тоа остане така, што е реално, може да констатираме дека ќе биде сезона за заборав. Од друга страна Арсенал мора да даде се од себе и да победува до крај доколку сакаат титула и да очекуваат кикс на Манчестер Сити, па само така може да стигнат до пехар. Иако Арсенал во моментов е поквалитетен тим, ние решивме да го избегнеме конечниот исход и да ви дадеме предлог на голови. Типуваме ГГ со квота 1.57 во 22Bet.

Дармштат – Хофенхајм – 2 @ 1.67 во 20Bet

Дармштат повеќе нема за што да се бори оваа сезона бидејќи се наоѓаат на последната позиција и веќе официјално се дел од втората германска лига, па следната сезона ќе бидат дел од Цвајт. За разлика од нив, Хофенхајм е се уште во игра за конференциската лига, но искрено во последно потфрлија и во последните два натпревари зедоа само еден бод што е навистина премалку. Овде веруваме дека ќе изиграат фантастично и дека без поголеми проблеми ќе ги соберат сите три бода. Наш предлог е 2 со квота 1.67 во 20Bet.

ЛАСК – Штурм Грац – 3+ @ 1.98 во Bet365

Последниот дуел за денешниот тикет ни доаѓа од австриската Бундеслига каде што ќе се сретнат две квалитетни екипи, поточно ЛАСК и Штурм Грац. Домаќините се во фантастична серија и на последните пет натпревари запишаа четири победи и еден пораз, па тоа ги доведе во позиција за да имаат шанси да стигнат до квалификациите за Лигата на шампиони. Штурм од друга страна е на првото место со 4 бода предност и скоро сме убедени дека нема да ја прокоцкаат таа предност и дека ќе завршат на лидерското место. Ние одлучивме на овој натпревар да типуваме 3+ со квота 1.98 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 8.30

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (петок, 26.12.2025)

Во претходните денови имавме доста лоша понуда, но веќе од денес е значително подобрена. О…