Дома Фудбал Останато Тео Хернандес: Среќен сум во Милан, сакам да останам долго

Тео Хернандес: Среќен сум во Милан, сакам да останам долго

Тео Хернандес во 2019 година пристигна во Милан од Реал Мадрид и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во светот.

Хернандес потпиша 5-годишен договор со „росонерите“, но тврди дека е среќен на „Сан Сиро“ и сака уште долго да го носи дресот на Милан.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


„Многу сум среќен во Милан. Од моментот кога пристигнав, играчите, фановите и целиот клуб ме прифатија одлично. Кога е така, не сакаш да заминеш, туку да останеш што е можно подолго. Животот во Милано исто така ми се допаѓа, одлично ми е тука“, истакна левиот бек.

„Многу напредував откако сум во Милан. Тоа е заслуга најмногу поради довербата на тренерот Пиоли. Уште кога пристигнав Малдини ми рече дека можам да станам еден од најдобрите, напорно работам на тоа“, изјави Хернандес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати стартните постави, Македонија со дебитант во тимот

Вечерва репрезентацијата на Македонија ја пречекува Белгија, во натпревар од 3.коло во гру…