Дома Фудбал Италија Тео Хернандез: Прифатив намалување на платата за да дојдам во Милан!

Тео Хернандез: Прифатив намалување на платата за да дојдам во Милан!

Тео Хернандез минатото лето од Реал Мадрид се пресели во Милан и една од ретките светли точки во тимот на „росонерите“.

Хернандез во интервју за „Газета дело Спорт“ призна дека бил возбуден кога добил повик од Малдини и веднаш прифатил да дојде во Милан.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Малдини е икона на светскиот фудбал, кога ми се јави без многу возбуден. Се видовме на Ибица и веднаш се согласив да дојдам во Милан. На мојот агент му кажав да ја прифати понудата и прифатив помала плата само за да играм за овој клуб“, изјави Хернандез, кој откри дека во Реал бил навредуван и критикуван.

„Многу ме навредуваа во Реал и ме критикуваа. Направив неколку глупости, но сега созреав како личност. Се сметам за забавен и тивок тип, кој многу време поминува дома со кучињата или гледајќи тенис“, додаде левиот бек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се појави нова опција за Џеко: Седумкратниот шампион на Италија тргнува по неговиот потпис!

Босанскиот фудбалер Един Џеко (39), кој откако се раздели со Фенербахче се наоѓа со репрез…