Дома Фудбал Англија Тен Хаг во победата против Евертон ги критикувал фудбалерите: Не може да се има таков пристап

Тен Хаг во победата против Евертон ги критикувал фудбалерите: Не може да се има таков пристап

Tренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг изјави дека е среќен поради победата над Евертон, посебно затоа што тројцата на напаѓачи на „црвените ѓаволи“ постигнале по еден.

Стрелци за Јунајтед во триумфот од 3:0 беа Алехандро Гарначо, Маркус Рашфорд и Ентони Марсијал. Натпреварот посебно ќе го памети, Гарначо кој со спектакуларни „ножички“ ја затресе мрежата.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


„Тоа беше гол на сезоната. Не станува збор само за егзекуцијата, туку за се што претходнеше на голот. Финишот беше фантастичен“, изјави Тен Хаг.

Тој истакна дека неговите фудбалери биле премногу лежерни.

„Ги критикував затоа што мислеа дека стигнаа до целата. Не можете да имате таков пристап, борбата трае 100 минути на теренот. Второто полувреме добро го одработија“, наведе Тен Хаг.

Во овој момент Манчестер Јунајтед е шести на табелата во Премиер лигата со 24 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Оливер означи крај на натпреварот, а Мбапе се изнервира и го грабна за рака (Видео)

Синоќа имавме можност да гледаме вистински спектакл, мечот помеѓу Шпанија и Франција (5:4)…