Дома Фудбал Останато Тевез стави крај на кариерата: Имав понуди, но…

Тевез стави крај на кариерата: Имав понуди, но…

Аргентинската фудбалска ѕвезда Карлос Тевез и официјално стави крај на кариерата.

Тој имаше понуди да продолжи да игра и на 38-годишна возраст, но обелодени дека кажува збогум на фудбалот бидејќи веќе нема мотивација после смртта на неговиот татко.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Потврдувам дека се повлекувам. Добив понуди за многу работи, вклучително и од САД. Но, тоа беше се од мене, дадов се од себе“, објасни Тевез, додавајќи дека минатата година му била тешка и дека престанал да игра бидејќи го загубил „навивачот број 1“ – неговиот татко.

Тевез последен пат играше за својот матичен тим Бока Јуниорс, каде ја започна својата професионална кариера во 2001 година. Ги носеше и дресовите на Коринтијанс, Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус и Шангај Шенхуа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дел Пјеро бесен по новата елиминацијата, а еден цитат посебно ги боли Италијанците!

Азурите продолжуваат да се лизгаат уште подлабоко, иако како веќе да нема каде да одатR…