Дома Фудбал Останато Тевез: Меси е пред тешка одлука, свесен е дека има уште малку време за квалитетен фудбал

Тевез: Меси е пред тешка одлука, свесен е дека има уште малку време за квалитетен фудбал

Лионел Меси се уште не донел одлука дали на крајот од сезоната ќе го продолжи договорот или ќе ја напушти Барселона.

Меси во текот на изминатото лето сакаше да го раскине договорот со каталонскиот клуб поради несогласувања со управата, но на крајот клубот не му дозволи и беше приморан да остане во Барселона.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Но, неговиот договор со Барса истекува на крајот оваа сезона и ако се уште сака да замине клубот нема да може ништо да направи. За својот сонародник сега зборуваше и Карлос Тевез.

„Меси е во години во кои станува свесен дека му останува уште малку квалитетен фудбал, а ако тимот не е доволно добар тогаш тоа за него е многу тешка одлука. Само тој знае што ќе направи во јуни иако јас не можам да го замислам во некој друг дрес. Единствено нешто што му недостасува е Светското првенство и тоа ги боли сите Аргентинеци, но најмногу него“, изјави Тевез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

УЕФА ги одреди судиите за натпреварот Македонија – Летонија

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе го игра натпреварот против Летонија во ра…