Според претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, Реал Мадрид на лето ќе успее да направи два големи трансфери.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тебас смета дека „кралевите“ ќе ја искористат лошата финансиска ситуацуја на другите клубови.
„Реал ќе ги доведе Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, бидејќи другите клубови како Барселона и Јувентус се финансиски разрушени“, изјави Тебас.




„Немам никаква конкретна информација за Мбапе. Но за Ла Лига е одлична вест што тој ќе биде дел од шпанскиот фудбал. Тоа е најубавото нешто што може да ни се случи“, заклучи Тебас.




Килијан Мбапе на лето ќе биде слободен агент, додека Халанд има откупна клаузула од 75 милиони евра и Реал Мадрид е фаворит за нивните потписи.