Еквадорскиот фудбалер, Антонио Валенсија дефинитивно нема да остане во Манчестер Јунајтед по оваа сезона, потврди и неговиот татко Луис.
Луис во разговор за еквадорскиот весник „Ел Универсо“ порача дека на се во животот доаѓа крај, па така и соработакта на Антонио Валенсија и Манчестер Јунајтед.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
„Тој дефинитивно нема да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед. Сака промена, а ниту клубот не е заинтересиран да го продолжи договорот. Како и на се во животот, така и на ова дојде крајот. Арсенал, Интер и Вест Хем се опциите, како и еден клуб од Кина. Но, во фудбалот се се менува. Тој сака да ја избере најдобрата опција, но пред се сака да потпише договор на две години. Не поради парите, туку поради мирот. И ми кажа дека сака да си оди во клуб кој се бори за важни работи“, изјави Луис.
Инаку, Валенсија во Јунајтед пристигна летото 2009. година од Виган и од тогаш беше незаменлив во првиот состав на „Црвените ѓаволи“. Инаку, неговото заминување неодамна го наговести и тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.